Таеквондо репрезентативците на подготовки во Охрид

На повик од претседателот на Македонската таеквондо федерација (МТФ) и селектор д-р Борче Костовски најдобрите македонски таеквондисти на чело со Дејан Георгиевски се на подготовки во Охрид.

На подготовки се 20-тина таеквондисти во сите возрасни категории. Георгиевски се подготвува за Европското првенство во Белград од 9 до 12 мај, а останатите за Г1 турнири. Трошоците за подготовките се сметка на федерацијата.

„Не чека успешен период за македонското олимписко таеквондо“, велат од МТФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON