Денеска Таеквондо клубот Бутел посети седум семејства од социјален ризик во Општина Бутел. Некои од тие семејствата се повеќедетни и со самохрани родители.
„Однесовме прехрамбени производи (брашно, грав, леќа, ориз, прашок, макарони, шпагети, средства за хигиена, пијалоци, благи работи за најмалите, конзерви месо и други намирници ) за кои се надеваме дека добро ќе им дојдат во овие тешки времиња на криза“, велат од ТК Бутел и додаваат:
„Се сретнавме со храбри погледи на мали дечиња кои што растат во тешки услови, човек останува без текст и со насолзени очи“.
Вреди да се бориш за доброто на твојот народ, велат од клубот и истакнуваат дека нема поголема милост од тоа да затоплиш тажен човек со добар разговор и малку внимание, но треба и многу повеќе од тоа!
„Хуманата работа на ТКД Бутел која е веќе традиција скоро никогаш јавно не ја покажуваме, овој пат сакаме да потикнеме и други клубови, лица, фирми и слично да се приклучат сега кога е најпотребно за нашиот народ. Да бидеме солидарни е потреба, да бидеме хумани е должност“, порачуваат од Бутел!