Абделазиз: Конор е љубоморна проститутка, престара за заработка на пари!

На адреса на Конор Мек Грегор е упатена нова серија навреди од од менаџерот Хабиб Нурмагомедов, Али Абделазиз. Конор претхидните го нарече Хабиб Нурмагомедов кукавица, затоа што побегнал од борбата со Тони Фергусон, закажана за 18 април.

Абделазиз застана во одбрана на својот клиент, напаѓајќи го Мек Грегор со тешки зборови.

„Им зборува на луѓето да останат дома, а Хабиб е виновен затоа што не може да патува, и го нарекува кукавица. A, од друга страна наводно тој донира милиони. Се од него е лажно“ – вели Абделазиз и продолжува:

„Конор не е број 1, ниту два или три, туку четврти во лесна категорија. Хабиб, Џастин и Тони се пред него, па затоа тој воопшто не ни е ниту во план за борба. Тој е всушност љубоморна проститутка која е престара за заработка на пари“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО