Таеквондо ИТФ на чекор до Олимписките игри во Токио 2020

На завршените преговори во Република Кореја за време на Светското првенство, претставниците на Таеквондо Федерација ВТФ/WTF и Таеквондо ИТФ/ITF, постигнаа голем број договори за влезот на таеквондо ИТФ во олимпиското семејство на Игрите во Токио во 2020 година.

Како што е познато, од страна на ИТФ присуствуваа претседателот проф. Р.И. Јонг Сон и проф. Д-р Чанг Унг – член на ИОК. Заедно со нив беше и потпретседателот на ИТФ – Марио Богданов, кој е еден од тројцата преговарачи спортот да влезе во програмата на Олимписките игри. Новоизбраниот претседател на Република Кореја Мун Џе-ин направи прием за раководителите на неолимписката верзија.

„Договорите кои се потпишаа во Јужна Кореја, прават голем чекор кон нашата заедничка цел, имено, влез на таеквондо ИТФ во олимпиското семејство. Преговорите не беа лесни, но сите вложија големи напори за да се дојде до тука. Лично претседателот на ИОК, Томас Бах, присуствуваше на дел од средбите и ја даде неговата поддршка за договорите. демонстрациите кои ги одржаа натпреварувачи во таеквондо ИТФ во салата во градот Муџу се радуваа на огромната поддршка од страна на гледачите, што беше одлично да се види. Се ќе биде потпишано меѓу двете федерации и официјално во септември, кога во Северна Кореја ќе биде Светското првенство во таеквондо ИТФ“, изјави потпретседателот на Светската таеквондо федерација ИТФ, Марио Богданов.

ВТФ и ИТФ одлучија да се договорат за следново:

  1. Натпреварувачи на таеквондо ИТФ да можат да учествуваат на турнирите од Г каласа, кои по правило овозможуваат рангирање со кое се стекнува можност за учествуво и на Олимписки игри;
  2. Натпреварувачите на ИТФ да може да учествуваат на Светските пара таеквондо првенства, што автоматски им дава право да учествуваат и на пара-олимписките игри – Токио 2020;
  3. Натпреварувачите на ИТФ да може да учествуваат на светски таеквондо првенства на плажа првенства во „пумсе“ (форма);
  4. Двете организации заедно ќе може да учествуваат на тренинг курсеви и семинари во целиот свет;
  5. ВТФ ќе испрати демонстрационен тим за време на Светското првенство на ИТФ, по официјалната покана од ИТФ;
  6. Двете организации ВТФ и ИТФ одлучија меѓусебно да ги признаваат сертификатите за црни појаси.

Шесте точки ќе бидат официјално нотирани на конференција за време на Светскиот шампионат во таеквондо ИТФ, кој ќе се одржи во Пјонгјанг од 15 до 21 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО