Изминатиот викенд ТКД Феникс кик на Меѓународниот таеквондо турнир „Топ Тирана опен“ во Албанија освои 1 златен, 1 сребрен и 3 бронзени медали.
Медалите ги освоија:
Лука Ангелов (-40 кг) – пионер, бронзен медал
Давид Цеков (-52 кг) – пионер, бронзен медал
Ива Сандева (-52 кг) – јуниор, бронзен медал
Викторија Ангеловска (-46 кг) – јуниор, сребрен медал
Иво Сандев (-51 кг) – јуниор, златен медал
На турнирот учествуваа 9 држави со над 500 натпреварувачи.
„За оваа натпреварувачка сезона ни преостанува уште еден натпревар „Астерикс куп“ во Ниш, Србија, и се оечкува да настапат повеќе од 900 натпреварувачи, а нашиот клуб ќе учествува со 18 натпреварувачи“, велат од клубот.