На Државно џудо првенство за пионери и јуниори во Битола членовите на Таеквондо клубот Бутел од Скопје со седум натпреварувачи настапија за ЏК Вардар и во 18 борби забележаа 11 победи и освоија 1 златен и 2 сребрени медали.
Марко Стевиќ (-90 кг) со една победа гоосвои златен медал, Филип Додевски (-81 кг) во пет борби забележа четири победи, сите со ипон, и го освои сребрениот медал. И Дејан Ѓеоргиевски (-100 кг) освои сребрен медал со две победи со ипон од три средби.
Ненад Мрчковски (-60 кг) иако заблежа четири победи во шест борби, тоа беше доволно за четвртото место, како Костадин Ѓеоргиевски (-73 кг) кој исто така е четврти со скор 2-, при што имал една ефективна победа со триаголник,санкоку џиме. Иван Крстевски (-60 кг) една борба и несреќен пораз и Велјан Пејовски (-81кг) е поразен.
Натпреварувачите на Бутел/Вардар се репрезентативци на Македонија.
Ipon.mk/В. Д.