ЏК Пролетер пролетерски до 23 медали на Државното првенство

Proleter nan Drzavno vo Bitola 2016

ЏК Пролетер освои 23 медали на Државното првенство за пионери и јуниори во Битола -10 златни, 9 сребрени и 4 бронзени. 

Први места освоија: Теодора Ристеска, Самарџиоска Марија, Томеска Марија, Марко Кироваков, Давид Спирковски, Годе Ристески, Димитар Петрески, Јордан Георгиоски, Борче Ангелов и Марко Паноски.

Видео:https://www.facebook.com/.

Втори се: Христина Ристеска, Хелена Зографска, Наталија Димеска, Барбара Башеска, Никола Кочоски, Христијан Ангелески, Валентин Цаневски, Дарко Велкоски и Лука Петејчук.

Трети места: Марија Георгиеска, Мартин Милчиноски, Михаил Стојкоски, Дино Спиркоски.

Proleter borba vo Bitola 2016

„Пионерите и јуниорите на Пролетер со својата борбеност и желба за победа потврдија дека во нив има голем потенцијал за големи успеси, а следната проверка на џудистите е наредната недела на Државното првенство за помлади пионери и кадети“, истакнуваат од клубот.

Годинава државните прваци ќе имаат можност да настапат на Балканското првенство за пионери,  кое ќе се оддржи во Македонија.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО