Македонските таеквондисти годината ја почнуваат викендов од Президент купот во Истанбул кој е од Г2 серијата.
Денес за Турција патуваат Дејан Георгиевски, Филип Додевски, Анамарија Георгиевска, Сања Поповска, Фросина Рајковска, Мила Релјиќ.
Селекторот Борче Костовски вели дека ова е предолимписка година и дека ги очекуваат многу настапи и борби за олмписки норми.