Т-Мобиле арена во мај домаќин на Џошуа – Кличко

Најновата сала во САД – „Т-Мобиле арена“ во Лас Вегас, стана сериозен фаворит за домаќин на реваншот меѓу Владимир Кличко и Ентони Џошуа. Менаџерот на Британецот Еди Херн направи специјална турнеја, за да го истражи објектот. Тој бил импресиониран од салата.

„Направивме обиколка во „Т-Мобиле арена“. Има огромен интерес токму таму да организираме меч. До крајот на следната недела ќе преговараме и ќе видиме дали ќе може да оствариме средба“, рече Херн.

Лас Вегас има огромен интерес да го прифати дуелот, бидејќи ќе има огромни приходи од влоговите за борбата. Освен тоа, барските хотели ќе се обидат да ги привлечат богаташите со шарени бесплатни билети за мечот.

https://youtu.be/-DAT53pqYs0

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО