Светскиот вицешампион Емил Павлов на прием во Агенцијата за млади и спорт

Директорот на Агенција за млади и спорт го прими освојувачот на сребрениот медал на Светското првенство во карате, Емил Павлов.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски по овој повод изјави дека Македонските каратисти со овој успех покажаа и потврдија дека се врвни спортисти од светски ранг. АМС како и досега ќе продолжи финансиски да ги подржува нашите каратисти на сите големи натпреварувања.

Селекторот Кузмановски по овој повод изјави дека нема да застанат тука и се надева дека на следните големи натпреварувања нашите каратисти ќе постигнат и поголеми успеси. По овој повод селекторот Кузмановски истакна дека сите големи натпреварувања ги започнуваат и завршуваат од Агенцијата за млади и спорт и дека е благодарен на подршката која ја добиваат од страна на Агенцијата, како и дека се надева дека подршката ќе продолжи и во иднина.

Емил Павлов со 5 победи и еден пораз во финалето од страна на светскиот првак го заврши Светското првенство со сребрен медал. Ова претставува историски успех за македонското карате и историски успех на сите досегашни натпревараувања од страна на нашите картисти. По повод овој успех Емил Павлов од страна на Агенцијата ќе добива паричен надоместок во период од 4 години и тоа со 1.3 од просечната плата во Македонија.

Во екипно натпреварување нашите каратисти го освоија високото 7-мо место. Во оваа категорија се натпреваруваа: Емил Павлов, Петар Заборски, Берат Јакупи, Жарко Арсовски и Фахик Весели. По повод екипните натпреварувања Кузмановски изјави дека Емил Павлов и покрај тоа што следниот ден требало да се натпреварува за златен медал сепак безрезервно влегол и во тие борби со цел нашата репрезентација и во екипна категорија да постигне што е можно поголем резултат, сепак во рамноправна борба изгубиле од репрезентацијата на Србија.

Голем успех постигна и младиот Александар Неделковски кој го освои седмото место во категоријата ката. Александар во оваа катеогорија беше најмладиот спортист што претставуа огромен успех за нашата земја, како и мотив дека во иднина ќе постигнува и поголеми резултати.

По повод овие успеси директорот на Агенцијата за млади и спорт им врачи признанија. Директорот на АМС се надева дека овие наши спортисти со поддршката што ја пружа АМС ќе продолжат да постигнуваат врвни светски резултати со што ќе не направат горди сите

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО