Страшна сообраќајна несреќа му се случила на светскиот боксерски шампион во средна категорија Ерол Спенс. 29-годишната спортист откако ја изгубил контролата над своето чисто ново „ферари“ враќајќи се од ноќен клуб во Далас околу 3 часот по полноќ.
Спенс во моментов е во многу сериозна состојба и лекарите се борат за неговиот живот. Сепак, вестите околу неговото здравје се позитивни и се очекува да преживее.
Фотографиите кои кружеа низ светските таблоиди покажуваат дека неговото бело ферари е смачкано до непрепознавање. Дури се тврди дека боксерот излетал од автомобилот во страшниот инцидент додека се превртувал во воздух.
Ерол Спенсер е актуелен шампион во полусредна категорија, кој ги држи појасите во две федерации – ИБФ и ВБЦ. Тој е непобедлив во рингот, забележувајќи скор од 26 победи од 26 натпревари (21 со нокаут).