Светскиот шампион Бобан Илиоски кој неодамна ја освои титулата на Светското кик бокс првенство во Португалија изминатата вечер се врати во Македонија и имаше пречек како што заслужува.
На скопскиот аеродром Илиоски беше дочекан од фановите и неговите блиски пријатели со кои потоа и заедно ја прослави заслужената титула.