Енди Руиз Јуниор и Дионтеј Вајлдер требаше да се сретнат за да го одредат следниот задолжителен предизвикувач за титулата во тешка категорија на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), но се чини дека двајцата не се договорија и советот ја повлече нивната елиминаторна понуда.
Двајцата поранешни шампиони се чинеше сигурно дека ќе се ракуваат пред неколку месеци, но повторно сме сведоци на неуспех заради пари.
ВБЦ во оваа фаза останува без задолжителен предизвикувач и тоа дава дополнителен легитимитет на борбата меѓу Тајсон Фјури и Френсис Нгану, и покрај критиките од аналитичарите и стручњаците.