Даниел Родригез падна на допинг тест

Борецот на УФЦ во полусредна категорија Даниел Родригез е позитивен на допинг тест.

Ова го вади од неговата претстојна борба со Сантијаго Понзинибио. Тие требаше да се борат на настанот УФЦ Фајт најт 225 кој ќе се одржи на 16 септември во Лас Вегас.

Даниел бил позитивен на остарин и сега ќе треба да ја докаже својата невиност на УСАДА. Родригез (36) негираше дека свесно внесувал остарин и го напиша следново:

„Силно верувам дека загадувачот во додатокот е причина за моето ниско ниво на остарин во примерокот.

Активно работам со мојот менаџер, УСАДА и УФЦ за да ги прегледам и тестирам суплементите што ги земав пред мојот тест“, изјави Родригез.

Даниел има 17-4 во ММА и е во серија од 2 порази. Во мај се бореше со Јан Мачадо Гери и загуби со нокаут во првата рунда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DANIEL RODRIGUEZ (@d_rod_ufc)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО