Светската таеквондо елита доаѓа на „Скопје опен Рамус“ на 30 и 31 март

 На 30 и 31 март ќе се одржи Меѓународниот таеквондо турнир „Скопје опен Рамус 2024“ од Г1 серија во Скопје во организација ТК Бутел и Македонската таеквондо федерација.

Десетиот „Скопје опен“ ќе се одржи во СРЦ „Јане Сандански“, при што се очекува настап на 220 клубови од 40 држави. Турнирот се позиционира меѓу најквалитетните во Европа.

Во Скопје доаѓаат националните тимови на Велика Британија, САД, Германија, Франција, Турција, Израел, Швајцарија, Данска, Камерун, Австрија, Португалија и уште 30 други држави од целиот свет, односно над 1000 натпреварувачи од целата планета.

„Оваа година втор пат по ред Скопје опен е со ранг Г1, турнир од кој се собираат бодови за олимписки игри, поточно турнирот е дел од официјалниот светски календар на Светската таеквондо асоцијација.

Со сигурност ова ќе биде најсилниот и најмасовен турнир во областа на боречките спортови воопшто организиран во Македонија.

Турнирот ќе се одржи на 30 и 31 март со почеток во 9 часот наутро. Настанот ќе се одржи во СРЦ Јане Сандански.

Главен организатор на турнирот е Таеквондо клубот Бутел, а како коорганизатори се Македонската таеквондо федерација и ТК Рамус од Бугарија“, истакнуваат организаторите,истакнувајќи дека помагател е Македонскиот Олимписки Комитет.

ТК Бутел изразува голема благодарност до спонозрите кои го поддржуваат ова големо спортско збиднување, при што нагслуваат дека влезот е слободен.

Се очекува на турниртот да се појави светската таеквондо елита, секако предводени од нашите репрезентативци Дејан Георгиевски и Мила Рељиќ.

Секако, ова е предизвик за сите наши репрезентативци, бидејќи на турнирот се собираат поени за Олимписките игри.

Според квалитетот на натпреварувачите, може да се заклучиу дека ова ќе биде едно од најквалитетните натпреварувања во нашата земја оваа година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON