Сопственикот на ПФЛ најави дека Нгану наскоро ќе се врати во октагонот

Френсис Нгану се враќа на ММА борбите по два боксерски меча. Големата ММА ѕвезда треба да се врати во октагонот ова лето по поразот од Тајсон Фјури и неодамнешниот брутален нокаут против Ентони Џошуа.

Камерунскиот удирач треба да го има своето деби во ПФЛ на настан на кој ќе настапат Лариса Пачеко, Крис Киборг и Седрик Думбе, но точниот датум сè уште не е познат.

Шефот на ПФЛ, Дон Дејвис, на ММА час истакна дека Предаторот се враќа во октагонот порано од планираното.

„Цело време навивам за него. Наскоро ќе се врати во октагонот, но се уште не се знае кога, можеби веќе во јули. Првата борба на Нгану во ПФЛ ќе биде против шампионот во тешка категорија, Ренан Фереира. Навистина се радувам на таа борба“, изјави Дон Дејвис.

Настанот на кој треба да настапи Френсис Нгану ќе биде организиран во Ријад.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО