Светската кик бокс организација (ВАКО) влезе во Меѓународниот олимписки комитет

Кик-боксот стана олимписки спорт. Имено, на седницата на Меѓународниот олимписки комитет што се одржа во Јапонија, беше одлучено Светската кик бокс организација (ВАКО) да биде прифатена во членството на олимписките спортови.

Со влегувањето во Меѓународниот олимписки комитет, кикбоксот ја заврши огромната работа што раководството на ВАКО ја работеше со години.

Кампањата траеше неколку години, а во ноември 2018 година МОК привремено ја призна Светската федерација за кик бокс.

„Тоа е историски момент за нашиот спорт, ден за паметење за целата наша заедница и голема инспирација за понатамошна работа во рамките на олимпиското спортско семејство. Јас сум многу благодарен на претседателот Бах за неговата постојана поддршка. Исто така, благодарам на сите членови на МОК за довербата“, рече претседателот на ВАКО, Рој Бејкер и додаде:

„Како претседател, ова е голема мотивација и ќе се обидам да го водам нашиот спорт, обезбедувајќи одржлива иднина. Благодарам на сите во нашата организација што дадоа придонес, на членовите на МОК кои не прифатија, на Одделот за спорт на МОК и Извршниот одбор на МОК и на неговиот претседател Томас Бах“.

Ќе додадеме дека и Светската мај тај организација (ИФМА) е примена во полноправно членство на МОК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО