Супер дербито Ворд – Ковалев на 19 ноември

Kovalev Vord

Супер дербито меѓу непоразените ѕвезди Сергеј Ковалев (Русија) и Андре Ворд (САД) официјално е најавено за 19 ноември во Лас Вегас. Во мечот ќе бидат заложени трите светските титули во лесно-тешка категорија. Билетите за галавечерта се со почетна цена од 55 долари.

Според експертите, тоа ќе биде најсериозен тест во кариерата на шампионот Ковалев кој има 30 победи (26 со нокаут) и 1 нерешена борба. Предизвикувачот има ист број на успеси во професионалниот ринг, а 15 од нив се со нокаут. Олимпискиот шампион од Атина не знае за пораз. Тој имаше проблеми со повредите и со промоторот, но постепено почнува да си ја враќа формата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО