Пред неколку часа бевме сведоци на одличен кик бокс меч под закрила на ОНЕ Шампионатот. Азиската организација го одржа настанот ОНЕ Чемпионшип: Фрст страјк во Сингапур. Во главната борба се судрија две легенди за инаугуративната титула во кик –бокс во перо категорија.
Во долгоочекуваниот дуел Супербон Банчамек се сретна со Џорџо Петросјан. И двајцата многумина ги сметаат за најдобри во категоријата и спектаклот беше загарантиран. На почетокот на мечот, Банчамек стартуваше со висок удар, кој Петросијан го блокираше и му врати назад во нозете на противникот.
Борбата изобилуваше со размена на удари. Тежок нокаут од Супербон на само 20 секунди од почетокот на втората рунда. Банчамек ја освои титулата во перо категорија. Со оваа победа, Супербон влезе во серија од 11 последователни победи и сега има скор 112-34 во кик бокс.
Петросјан, пак, загуби серија од 19 последователни победи. Загуби за прв пат во ОНЕ и ова е само негов втор пораз во последните 63 меча во кик бокс. Речиси сигурно ќе видиме реванш меч меѓу нив.