Фаик Весели освои бронза и ја спаси честа на македонското карате на Балканското првенство (ФОТО)

Фаик Весели ја спаси честа на македонското карате на Балканското карате првенство во Пореч, Хрватска, освојувајќи го бронзениот медал.

Весели извојува четири победи и само еден пораз.

Неговиот тренер Александар Кузмановски вели дека може да жали, затоа што имал шанса за финале, но не реализирал еден поен, а противникот (Никлас Тамсе од Словачка) добил ипон, па така борбата завршила 3-5.

Може да се забележи и добриот настап на Александар Неделковски во кати, кој во директната пресметка за бронзениот медал загуби за 4 стотинки од Матија Релиќ (Хрватска) 25,2 – 25,6. Претходно Неделковски имаше исклучително добар настап.

Треба да се забележат и двете победи на Петар Заборски.

На шампионатот учествуваат 10 репрезентации со 884 натпреварувачи за деца, сениори и ветерани.

Македонија се врати во Карате федерацијата на Балканот.

Олимписката шампионка Ивет Горанова од Бугарија е поразено во финалето од Туба Јакан од Турција со 0-6 во катгеоријата до 55 килограми.

Резултати
-60 кг
Фаик Весели – Кристијан Лацковиќ (Хрватска) 2-0
Фаик Весели – Милош Радојевиќ (Србија) 3-1
Фаик Весели – Никлас Тамсе (Словенија) 3-5
Репасаж
Фаик Весели – Адел Карахасановиќ (БиХ)  6-2
За бронза
Фаик Весели – Матија Бојиќ (Црна Гора) 4-1

-75 кг
Петар Заборски – Ѓорѓе Салапура (Србија) 1-0
Петар Заборски – Ерен Акурт (Турција) 0-0
Петар Заборски – Стефан Петков (Бугарија) 0-2

-84 кг
Берат Јакупи – Константинос Мастрогијанис (Грција) 1-0
Берат Јакупи – Урош Мијалковиќ (Србија) 0-1

+84 кг
Жарко Аросвски – Ридван Каптан (Турција) 1-2
Репасаж
Жарко Аросвски – Милош Дејановиќ (БиХ) 0-2

-50 кг
Сара Радичевска – Јелена Милојевиќ (Србија) 3-4
Репасаж
Сара Радичевска – Рабиа Елик (Турција) 2-7

-55 кг
Јована Георгиева – Панагијота Кулуриду (Грција) 2-1
Јована Георгиева – Тања Ѓокиќ (БиХ) 3-1
Јована Георгиева – Туба Јакан (Турција) 1-2
За бронза
Јована Георгиева – Хасани Алесандра (Хрватска) победа на Хасани

-61 кг
Вероника Костовска – Џагла Есер (Турција) 2-4

-68 кг
Ангела Мојсовска – Марина Раковиќ (Црна Гора) 2-11
Репасаж
Ангела Мојсовска – Сумеје Теке (Турција) 0-2

+68 кг
Симона Симовска – Милена Јовановиќ (Црна Гора) 4-1
Симона Симовска – Фатма Ујгур (Турција) 3-10
За бронза
Симона Симовска – Фотеса Орана (Косово) 1-2

Кати
Мартина Арсовска 25-та

За бронза
Александар Неделковски – Матија Релиќ (Хрватска) 25,2 – 25,6
Претходно
Во втората група во првиот настап Неделковски имаше највисока оценка 25, 6
Втор настап 25,00 – втора најдобра оценка
Трет настап 25,2 – втора најдобра оценка

Машки ката тим (Бајовски, Спасовски и Спасовски)
Женски ката тим (Алексовска, Арсовска и Гашева).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО