Судски документи ги откриваат платите на Конор Мек Грегор во УФЦ

Во декември 2014 година група ММА борци се здружија за да поднесат колективна тужба против УФЦ и нејзината матична компанија Зуффа ЛЛЦ.

Овие борци, како Кунг Ли, Нејт Квари, Џон Фич и други, веруваат дека УФЦ користела „несоодветни стратегии“ за да го контролира пазарот за боречки услуги за ММА. Речиси една деценија подоцна, судијата Булвер го потврди антимонополскиот случај Ли против Зуффа (УФЦ) како групна тужба. Тоа е одлука што УФЦ набргу потоа ја обжали.

Судијата Булвер посочи и дека сака да бидат отворени сите документи поврзани со антимонополскиот случај на УФЦ. Еден од тие документи ги вклучува и платите што различни борци на УФЦ ги направиле во периодот од 2011 до 2016 година. Балди елбоу медиа се потруди да покаже каква плата добива Конор Мек Грегор во неговите борби за организацијата.

Еве како изгледаат тие плати:

Мек Грегор добива 2.642.204 долари + (вклучува бонус од 2,11 милиони долари) против Чад Мендез

Мек Грегор добива 4.536.932 долари против Хозе Алдо – Алдо 2.377.699 долари

Мек Грегор заработи 5.576.315 долари против Нејт Дијаз 1 — Дијаз 2.838.158 долари, а ППГ настанот генерираше 61 милион долари.

Мек Грегор добива 5.615.490 долари против Нејт Дијаз 2 — Дијаз 4.315.490 долари.

Мек Грегор заработува 6.812.374 долари против Еди Алварез – ППГ настанот генерира 66 милиони долари за УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО