Боксерски судија бил мета на кроше во главата за време на бробата меѓу Марио Агијар и Брендон Глантон. Мексиканецот Агијар ненамерно го удри судијата со тупаница за време на мечот за испразнетата интерконтинентална титула на ВБО во полутешка категорија.
Набргу потоа беше нокаутиран во втората рунда од Глантон, кој ја извојува 17-та по ред професионална победа.
Еве видео од ударот:
THE REFEREE HAS GOT A CHIN 👊😂 pic.twitter.com/yWYR4oYoiI
— Chris Glover (@GloversStories) September 10, 2022
Љубителите на боксот беа единствени во мислењето дека судијата покажа завидна брада и не се ни помрднал од моќниот удар.
Факт е дека специјалистот завидно добро го прифати и средбата продолжи како ништо да не се случило, иако Агијар малку се сопна.