Суада Ибраимовски ќе ја претставува Македонија на Светското боксерско првенство во женска конкуренција на ИБА, кое се одржува во Ниш, Србија, од 08 до 16 март.
Суада Ибраимовски е член на Боксерскиот клуб Куманово 84 од Куманово, а на овој шампионат ќе се натпреварува во категоријата до 48 килограми во сениорска конкуренција.
Боксерката на овој шампионат ќе ја предводи тренерот Мухамед Алија.