Целиот стручен штаб на олимпискиот тим во бокс на Русија, на чело со главниот тренер Александар Лебзјак, си поднесе оставка. Ова го објави самиот Лебзјак за руското електронско издание sportfm.
Стратегот прецизира дека одлуката била донесена уште на еден месец пред заминувањето на тимот за Игрите во Рио де Жанеиро.
Уште тогаш тој и неговите колеги ги доставиле своите оставки, но не го коментираа тоа.
Главната причина за одлуката на тренерите е непрофесионалниот однос на натпреварувачите, што јасно се видело во првите денови на боксерскиот турнир во Рио де Жанеиро.