Шон Стрикленд дебитираше во рангирањето „паунд фор паунд“на УФЦ директно на 8-то место за да предизвика големо поместување на листата.
Тој го заслужи успехот откако ја освои титулата во средна категорија минатиот викенд кога одонесе победа со едногласна одлука над Израел Адесања. Американецот можеше дури и да оди на спектакуларен нокаут во првата рунда, но шампионот некако преживеа да ја заврши борбата.
„Изи“, пак, падна четири места и сега е на деветото место. Тоа им отвори место на Чарлс Оливеира, Камару Усман и Шон О’Мели, кои се искачија по едно место на петтото, шестото и седмото.
Алџајмејн Стерлинг, исто така, нема да биде среќен кога ќе дознае дека организацијата сега го рангира на 13-тото и повеќе не го гледа како топ 10 борец во категоријата.
И Алесандре Пантоја и Јиржи Прохаска паднаа по едно место и сега се на 10 и 14 на ранг-листата.
На врвот останува Џон Џонс, а потоа следат Александар Волкановски и Ислам Махачев.