Светскиот шампион во средна категорија на УФЦ, Дрикус ду Плесис, стапна на домашен терен каде што беше срдечно пречекан од многу горди Јужноафриканци.
Ду Плесис слета во Јоханесбург каде стотина фанови чекаа да го поздрават. Ду Плесис стана првиот јужноафрикански шампион во средна категорија на УФЦ по победата со поделена одлука над Шон Стрикленд во Торонто, Канада. Со појасот во едната рака и јужноафриканското знаме во другата, Дрикус гордо излезе кај своите обожаватели.
Дрикус ја забележа 7-мата победа во УФЦ и се уште е непоразен во организацијата. Тој веднаш го избра својот следен противник и го предизвика Израел Адесања на УФЦ 300 во април. Дана Вајт откри дека наскоро ќе ја објави иднината на Јужноафриканецот кој исто така беше предизвикан од Хамзат Чимаев.
View this post on Instagram