Столе Ефтимов: Со поддршка на домашната публика заедно ќе ја славиме титулата

Дали Балканец ќе биде доволно силен да ја освои шампионската титула со настапот утре на Државното првенство во борење за сениори во Кочани, кое ќе се одржи во салата ООУ „Никола Карев“ со почеток во 11 часот. Еден од борачите кој ќе атакува на титулата во сениорска конкуренција е репрезентативецот Столе Ефтимов, роден кочанец кој настапува за Балканец.

„Последен пат се борев во Кочани пред повеќе од 10 години, кога се натпреварував како пионер. Не памтам кога последен пат е организирано Државно првентство во Кочани, затоа морам да ја пофалам управата на Спартак“, вели Ефтимов и додава:

„Настапувам за Балканец. Заедно со мојот тим напорно се подготвувавме за ова првенство и очекувам повеќе први места. Лично, оптимистички сум настроен се чувствувам подготвен како минатата година, така и оваа, да се качам на највисокото место на пиедесталот. Секако, тука голема улога има и публиката. После толку време се натпреварувам пред домашна публика и со нивна подршка и помош се надевам дека заедно ќе се радуваме на титулата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON