Македонските борачи лошо стартуваа на Светското првенство во Истанбул-Турција, во У-17, двајца од тројцата репрезентативци се поразени.
Стефан Стојков (-55 кг) загуби од Ахмад Мусханџиев (Неутрален настап) 0-10, а Омер Мемеди (80 кг) од Константине Петријашвили од Грузија со 0-11.
Настапот на Илија Атанасов (92 кг) против Николаос Караванос од Грција е последен занашите натпреварувачи.
Резултати:
55 кг Стефан Стојков – Ахмад Мусханџиев (Неутрален настап) 0-10
80 кг Омер Мемеди – Константине Петријашвили (Грузија) 0-11
92 кг Илија Атанасов – Николаос Караванос (Грција)