Стипе Миочиќ во мечот против Џонс верува во својата сила: Удирам посилно отколку што многумина мислат

Стипе Миочиќ ќе се врати во октагонот на 11 ноември. Американско-хрватскиот борец ќе се обиде да го врати шампионскиот појас во тешка категорија против Џон Џонс на настанот УФЦ 295 во Медисон сквер гарден во Њујорк.

Миочиќ се враќа на борбите по две и пол години откако загуби со нокаут во втората рунда во март 2021 година од Френсис Нгану, кој оттогаш го напушти УФЦ.

Многумина ги интересира во каква форма е Стипе и дали долгогодишната пауза влијаеше на него. Пожарникарот од Кливленд пред еден месец го прослави својот 41 роденден.

Џонс во мечот влегува како фаворит, Миочиќ верува дека има свои предности кои ќе се обиде да ги искористи во мечот за шампионскиот појас на УФЦ.

„Ќе фрлам бомби и убаво ќе се забавувам. Ќе го работам тоа што најмногу го сакам. Ќе му дадам вистинска борба на Џонс“, истакна Стипе Миочиќ и објасни:

„Тој треба да биде загрижен за мојата брзина и моќта на ударот. Удирам многу посилно отколку што мислат повеќето луѓе. Имам и одличен боречки коефициент на интелигенција. Многумина добро се прилагодуваат на се, а кога нешто ќе се случи, јас секогаш наоѓам излез“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON