Стипе Миочиќ порача дека го чека победникот од мечот меѓу Џонс и Гане

Американско-хрватскиот борец Стипе Миочиќ не се борел од март 2021 година, кога загуби од Френсис Нгану во борбата за шампионскиот појас во тешка категорија на УФЦ.

По тој пораз Стипе се повлече од јавноста и не зборуваше многу за тоа дали ќе ја продолжи кариерата или не.

Но од фотографиите и видеата кои ги објави на социјалните мрежи можеше да се заклучи дека се уште не се откажал од настапот во најголемата светска ММА организација.

Во неделата фановите беа воодушевени од веста дека Џон Џонс и Сирил Гaнe ќе се борат за титулата во тешка категорија, откако Френсис Нгану не го продолжи договорот со УФЦ.

Не требаше долго за реакцијата на Миочиќ, а неговата порака на Твитер ги воодушеви фановите.

Многумина се запрашаа што се случи со Стипе, бидејќи сметаат дека тој е неправедно запоставен од УФЦ.

Сепак, шефот на промоцијата Дaна Вајт изјави дека е во контакт со Миочиќ, а неговата објава влева оптимизам.

„Ми се допаѓа – 4 март. Победникот ме чека во јули“, напиша Стипе Миочиќ во порака и навести дека добил нова шанса да ја освои титулата шампион во тешка категорија.

Џон Џонс ќе го има своето деби во тешка категорија против Французинот Сирил Гане на тој датум на настанот УФЦ 285 во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО