Стипе Миочиќ и Џон Џонс нема да се борат на настанот на УФЦ во јули?

Пред неколку недели се појави информација дека Џон Џонс би можел да го брани шампионскиот појас на УФЦ во тешка категорија против Стипе Миочиќ.

Наводно и двајцата се согласиле на борба која требаше да се одржи на 8 јули на настанот УФЦ 290 во Лас Вегас.

„Стипе Миочиќ, само ти, УФЦ и јас ја знаеме вистината, а тоа е дека ме избегнуваше цела 2022 година. Сега слушам дека можеби нема да се бориме во јули“, напиша Џонс на Твитер пред еден месец, а Миочиќ одговори:

„Се гледаме во јули“.

Изгледа дека се појавија некои проблеми, а претседателот на УФЦ, Дана Вајт, изрази одредена загриженост по неодамнешниот настан на УФЦ 287.

„Се појави Џон Џонс, брзо заврши работа и потоа исчезна“, изјави Дана Вајт, не криејќи ја желбата да договори меч меѓу Боунс и Миочиќ.

А некои информации во врска со најавената борба, новинарот на ЕСПН Марк Рајмонди ги сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.

„Забележав неколку твитови поврзани со мечот меѓу Џонс и Миочиќ кој беше најавен за настанот УФЦ 290 во јули. Тоа е борба која сите ја посакуваат, но нема да се случи во јули и во моментов не е во плановите. Многу поверојатно е дека ќе се постигне договор некаде за наесен“, напиша Марк Рајмонди.

Стип денеска повторно се огласи на Твитер.

„Чудно, минатиот месец рековте дека јас сум тој што бега“, напиша Миочиќ во пораката до Џонс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО