Пред некое време овој месец Стипе Миочиќ го шокираше светот нокаутирајќи го веќе поранешниот шампион во тешка категорија, Фабрицио Вердум, и тоа само со еден удар на УФЦ 198. Уште поимпресивно е тоа што успеа да го нокаутира додека се повлекуваше назад.
Миочиќ раскажува за тој момент:
„Цело време тренирам движења назад. Работиме доста на нив, и, едноставно, успеав да го апликцирам во дадениот момент, нанесувајќи го решавачкиот удар. Покрај тоа, тој цело време ме бркаше, така што беше многу отворен – самиот си бараше еден добар удар“.
„Беше впечатливо. Дури се расплакав. Наречиете ме плалливо бебе, но целата поддршка што ја чувствував од сите околу мене, едноставно, беше неописливо. Незаменливи чувства“.