Стипе Миочиќ ужива по враќањето во својот Кливленд.
Новиот шампион во тешка категорија на УФЦ го посети тимот од МЛБ, Индијанците и одработи удирачки тренинг.
Стипе (33 г.) играше бејзбол во средното училиште „Истлејк“, како и на Кливленд стејт.
„Се уште е надреално, навистина. Никогаш нема да ми здосади. Мислам, дури кога ќе бидам уморен, стар и дебел ќе знам да го ценам ова што го направив“, изјави Миочиќ кој со нокаут против Фабрицио Вердум во Куритиба стана 22-от шампион на УФЦ во тешка категорија.