Саул Алварез и Головкин преговараат за нивниот меч

Golovkin Alvares

Двајцата најпопуларни боксери на планетата Саул Алварез – Канело (Мексико) и Генади Головкин (Казахстан) веќе преговараат нивен меѓусебен меч. Двајцата шампиони во средна категорија можат да се сретнат уште есента, а судирот меѓу нив се очекува да генерира приходи од над 100 милиони долари.

Непоразениот казахстански нокаутер присуствуваше на последниот натпревар помеѓу Алварез и Амир Хан. Тој со насмевка призна дека е подготвен да се бори со Алварез.

Две варијанти се во игра за датумот на дербито. Едниот е тоа да се одржи во октомври или ноември, додека другиот е боксерите да направат по еден меч за загревање, и тоа на иста гала вечер, за да стекнат дополнителна популраност пред нивниот дуел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО