Стипе Миочиќ со доминантна изведба во Бостон против Френсис Нагну по рекорден трет пат ја одбрани шампионската титула во тешка категорија на УФЦ.
По прогласувањето на победникот, го зема појасот од рацете на претседателот на УФЦ Дана Вајт и му го даде на својот тренер да му го стави околу половината.
На прес-конференцијата му беше поставено прашањето дали може да го објасни тој потег.
„Можам. Тој ме почитува, јас го почитувам. Крај на приказната“.
„Ова вечерва беше шоуто на Стипе. Тука, работата не беше за Френсис, туку за мене, бидејќи јас сум шампион, го соборив рекордот и јас сум најдобар“, рече остено лутиот шампион откако во воведот на УФЦ 220 речиси целата промоција се сврте на страната на предизвикувачот, а не кон шампионот кој може да го собори рекордот.
На прашањето, дали мисли дека на крајот на кариштата Дана Вајт не го почитува доволно рече: „Всушност, не ми е гајле“.
Идејата на Вајт е Миочиќ во следната борба да се бори со шампионот во полутешка категорија Даниел Кормиер, кој на истиот настан ја одбрани титулата против Волкан Оездимир.
„Моментално не ми е гајле. Само што завршив со борбата пред 45 минути. Имав 25 тешки минути со тежок противник. Навистина не ми е гајле што се случува сега. Само сакам да си одам дома, да го видам моето куче и да го поминувам времето со сопругата“.
„Дефинитивно, тој удира силно. Тоа не е во прашање. Ова е тешка категорија. Дали вие би сакале да ве удри? Токму така. Погледнете го моето око. Само од еден удар. Но, тоа беше по моја грешка. Но, јас него го удирав многу повеќе отколку тој мене и затоа се уште го имаам појасот“.
Миочиќ вели дека планот бил да го исцрпи Камерунецот и дека почнал да ги чувствува резултатите на тој план по првата рунда.
„Тој никогаш не бил во таква ситуација. Во неколку рунди удрив неколку пати ме погоди, но потоа му ја скршив волјата. Тоа е она што го работам јас“.
„Јас поседувам борбен дух. Ќе треба многу повеќе од ова за да ме сопрат. Се чувствувам како најголем на сите времиња. Тој е цврст тип и пред него е голема кариера. Но, јас ќе продолжам понатаму“.
„Пред себе имав серија на убијци пред да пристигнам до овде. Никогаш ништо не е лесно, но јас никогаш и не сум имале лесен пат“.
https://youtu.be/VaPJQAS7ydY
.