Стипе Миочиќ – меѓу тренизите и пожарникарската служба

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Стипе Миочиќ има помалку од еден месец до борбата со шампионот Даниел Кормиер, но не престанува да дава смени како пожарникар. Борбата меѓу нив е на 17 август, а Миочиќ се оддава на 24-часовната должност во противпожарната бригада во Кливленд.

На Инстаграм Стипе објави слика со својата ќерка, која изгледа намуртено.

https://www.instagram.com/p/B0O0ECXlcmm/?utm_source=ig_embed

„Физиономијата што ја правиш кога треба да дежураш 24 часа. Моето мало девојче ме мотивира повеќе од се“, напиша поранешниот шампион.

„Туку што поминав 26 часа со Стипе Мочиќ во пожарната станица во Охајо. Интересни работи. Наскоро, материјалот ќе биде објавен во списанието ЕСПН пред турнирот на УФЦ 241“, пишува новинарот Мајк Рајмонди на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО