Стерлинг го брани појасот против поранешн шампион, договорен меч меѓу О’Мели и Јан

Судирот за титулата во лесна категорија меѓу Чарлс Оливеира и Ислам Махачев е водечки на настанот УФЦ 280 на 22 октомври во Абу Даби.

Спектаклот со боречки вештини доби уште една борба за шампионскиот појас во бантам категорија.

Имено, договорен е меч во кој Алџамејн Стерлинг ќе ја брани титулата против поранешниот шампион Т.Ј. Дилашоу.

Во април Стерлинг за првпат го одбрани шампионскиот појас кога го победи Петар Јан со поделена одлука.

Т.Ј. Дилашоу пред една година го победи Кори Сандхаген.

Шоуто во Абу Даби доби уште една одлична борба во бантам категорија. Шон О’Мели ќе се бори против Петар Јан.

На неодамнешниот настан во Лас Вегас, Шугар на почетокот на втората рунда со прст го удри во око Педро Муњоз, кој не можеше да го продолжи натпреварот, па борбата беше откажана.

За тој настан е потврдена и борбата во полусредна категорија меѓу Белал Мухамед и Шон Брејди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON