Стефановски-Минеиро успешни на мерењето за светската титула: Имаме борба!

Имаме борба! – напиша на Фејсбук Македонскиот воин Даниел Стефановски по синоќешното мерење за настанот Гладијаторс најт во Цирих, Швајцарија, против Родриго Минеиро.

Стефановски и Менеиро вечерва ќе се борат за светската титула на ВКУ во К1.

Македонскиот воин се враќа во рингот по двегодишна пауза.

„Се враќам после 2 години во ринг од мојата последна борба во Дубаи.

Добро сум подоготвен. Противникот е јак и тоа ќе биде добра борба на добро ниво. И, со Господ напред, ќе биде позитивен резулта. Како што знаат сите, јас секој пат барам нокаут“, изјави пред два дена Даниел Стефановски за Ипон.мк.

Борбата ќе се одржи Штадхале Дитикон во Цирих.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО