Стефановски: До крајот на годината се борам светската титула во Суперкомбат

Даниел Стефановски на 30 септември во Цирих, Швајцарија, во категоријата до 81 килограм во К-1 ќе се бори со Лоренцо Доменикини на Цирихер Кампфнахт.

„Противникот ми је многу јак! Италијанец. Тоа ќе биде голема техничка борба“, вели Стефановски за својот противник.

Сепак, ова е само вовед во она што следи до крајот на годината.

„По оваа борба имам уште неколку битки во оваа година и тоа во САД и во Кина. На крајот на годината ќе се борам за светската титула во Суперкомбат“, изјави за Ipon.mk Даниел Стефановски кој и се заблагодраува на сите Македонци за поддршката и на Ipon.mk и на сите го честита Денот на независноста „8 Септември“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО