Стефан Стојков од Балканец го освои трофејот на „Трофеј штипски боречки асови“

Стефан Стојков од Балканец го освои трофејот на Меѓународниот турнир во борење „Трофеј штипски боречки асови“ што вчера се одржа во Штип.

За најдобар тенчичар е прогласен Аико Азарјан, додека најдобар странски борач е Валентин Бојанов од Бугарија, а Андреј Мишев од Балканец е најдобар домашен борач, Диелза Суља од Косово најдобра борачка.

На турнорт настапија над 100 борачи од Бугарија, Србија, Косово, Грција и Македонија. Турнирот го свечено го отвори градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Натпреварите се одвиваа во 15 категории за предшколска возраст, пионери, кадети и девојки.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО