На големиот Меѓународен турнир во борење за пионери и кадети „Динко Петров“ во Стара Загора, Бугарија, борачите на Балканец освоија едно сребро.
Стефан Штерјов се радуваше на среброто. Стефан Штерјов забележа три победи, но тие не беа доволни и за златото.
Филип Тасев во кадетска конкуренција не успеа да го мине репасажот, а Ненад Панов забележа една победа и пораз. Со оглед на силниот турнир и овие резултати се оценуваат за успешни.
Ipon.mk