Срегеј Харитинов пробал да се зарази со коронавирусот

Една од работите што неколку месеци ги плаши луѓето е коронавирусот. Медиумите по цел ден зборуваат за вирусот, кој предизвика многу жртви ширум светот. И неколку борци на ММА се заразија од овој подмолен вирус, но за среќа успеале да се изборат против него. 39-годишниот ветеран Сергеј Харитонов вели дека намерно сакал да се зарази со КОВИД-19 само за да види какво е чувството. Колку и да ви звучи лудо, тоа е вистина што ја потврди.

„Дури и ако некој во близина кашла, јас не се плашам од тоа. Дури, искрено признавам, кога бев во Москва одев на места каде што луѓето кашлаат. Сакав да се обидам сам да се заразам со овој коронавирус, да почувствувам што е тоа, за каков вид на вирус станува збор. За жал или за среќа, тоа не се случи. Очигледно, мојот имунолошки систем работи“, изјави Харитонов за Паратрупер.

Хаританов е со скор 30-7-2 во ММА и вопоследната борба го нокаутира Фернандо Родригез во февруари во Белорусија.

https://www.instagram.com/p/B_ehn6ND9Ja/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON