Средбата Пакијао-Крафорд во јуни

Мани Пакијао е во напредни разговори за враќање во боксерскиот ринг по скоро двегодишно отсуство.

Според различни извори, 42-годишниот филипински сенатор на 5 јуни ќе се сретне со шампионот на ВБО во полусредна категорија, Теренс Крафорд. Дуелот се очекува да се одржи во Абу Даби. Последен пат Мани Пакијао (62-7-2, 39 КО) боксираше против Кит Турман, против кого го освои појасот на ВБА и стана светски шампион по 12-ти пат.

33-годишниот Крафорд (37-0, 28 КО) не се искачил на рингот од ноември, кога го нокаутира Кел Брук за осма последователна победа пред крајот на мечот.

„Преговорите траат подолго време. Иако сè уште не е целосно сигурен дали мечот ќе се одржи, тој ќе биде во Абу Даби, ова е посакуваната дестинација, а посакуваниот термин е 5 јуни“, изјави човек од Топ ранг, кој побара анонимност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON