Боксерски легенди се враќаат во рингот за меѓусебна пресметка

Хуан Мануел Маркез и Мигел Кото се следните имиња кои решија да ги навлечат боксерските ракавици и повторно да влезат во рингот.

Поранешните шампиони во 4 категории се договорија за демонстративен мечо на 12 јуни, а, според BoxingScene.com, останува само во наредните денови да се избере место за средбата.

Маркез (47) официјално се пензионираше во 2014 година, а кариерата му траеше повеќе од 20 години. Мексиканецот има 56 победи, 7 порази и еден нерешен меч, а четири пати се соочи со Мани Пакијао, во кои забележа победа, два порази и нерешено.

40-годишниот Кото е првиот порторикански боксер кој освоил титули во четири различни категории. Неговата кариера заврши во 2017 година со 41 победа и 6 порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО