Средбата Чејк Конго – Сергеј Харитонов на Белатор 265

Мечот во тешка категорија меѓу Чејк Конго и Сергеј Харитонов ќе биде главната борба на Белатор 265.

Организацијата официјално го објави мечот за својот настан, што ќе се одржи на 20 август.

Истата вечер, Адам Бориц ќе се соочи со Џеј Џеј Вилсон, за да се одреди предизвикувачот за титулата во перолесна категорија.

Откако забележа 8 победи во „Белатор“ помеѓу 2015 и 2019 година, Конго нема победа во последните два излета. Неговиот меч против Рајан Бадер беше прогласен за неуспешен поради контакт во очите, а потоа во октомври загуби со судиска одлука од Тимоти Џонсон.

40-годишниот Харитонов во ноември забележа победа над Оли Топмсон во „Парус чемпионшип фајт“ и сега се враќа во Белатор, каде последен пат беше поразен со ТКО од Линтон Васел на Белатор 234 во ноември 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО