Сребро за Симона, бронзи за Мартин и Сара на Универзијадата во Загреб (ФОТО)

Sara i Simona na piedestal stojat Univerzijada 2016

Македонските студенти од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје освоија еден сребрен и два бронзени медали на последниот ден на карате турнирот на Универзијадата во Загреб или вкупно четири. На Европските студентски игри беа застапени вкупно 21 спорт со натпреварувачи од 41 држава. 

Martin Nestorovski tret na Univerzijdata

Симона Заборска (-55 кг, КК Макпетрол) го освои сребрениот медал. До финалето стигна откако оствари три победи против натпреварувачи од Чешка 5-0, Босна и Херцеговина 3-0, Словачка 3-1, а денеска во финалната борба иако поведе со 1-0, не успеа да го освои златниот медал, затоа што нејзината противничка и добра познаничка, Викторија Семеникова од Словачка, по нерешениот резултат и завршување на борбата со 1-1, ја доби победата на судиско изјаснување.

Simona i Sara na piedestal Univerzijada 2016

Сара Радичевска (-55 кг, Макпетрол) го освои бронзениот медал, која во борбата за третото место беше поуспешна од германската преставничка и ја победи со 5-1.

Мартин Несторовски (+84 кг, Металург) исто така н е дозволи инзнеадување во борбата за третото место. Тој во борбата за бронзениот медал го победи преставникот од Белорусија со резултат 1-0.

Семир Ќосовиќ (+84 кг, Металург), за жал мораше да се задоволи со петтото место, бидејќи загуби од шпанскиот преставник со резултат 0-1.

karate ekipno treti Univerzijada 2016

Во вкупниот биланс на студентите од „Свети Кирил и Методиј“ е бронзениот медал во екипно борби за жени, во состав: Симона Заборска, Наташа Стефановска, Сара Радичевска и Моника Стефановска.

Така македонскиот скор на медали: еден сребрен медал и три бронзени медали.

Bosko so Sara i Simona na Univerzijadata

„Многу сум задоволен од постигнатиот резултат, успеавме да ја продолжиме традицијата на успешни учества и освојување на медали од највисоко рангирани европски и светски натпревари. Сакам да истакнам дека карате спортот за прв пат учествува на Европска универзијада и постигнавме извонредно голем резултатски успех. Тоа, што е најважно, ние најдостојно и многу афирмативно ја преставивме нашата држава и универзитетскиот спорт и во голема конкуренција успеавме да ги освоиме и првите медали од учество на една Европска универзијада. 

Активностите не ги прекинуваме ни во летните месеци, сега продолжуваме со подготовки во Бар и искрено се надевам, дека после летните подготовки ќе имаме и забележителен резултат на Светското универзитетско првенство, кое ќе се одржи од 09 до 5 август. 2016 година во Брага –Португалија“, изјави селекторот Бошко Заборски.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО