Триото на Металург Давид Петков, Петар Спасеновски и Семир Ќосовиќ се заќити со медали на исклучително силниот турнир Гран при Кроација, а ги дополни картаистката на Макпетрол Ангела Мојсовска.
Давид Петков го освои сребрениот медал во категоријата до 60 килограми во јуниори до 21 година. Во истата конкуренција Петар Спасеновски (-84 кг) и Семир Ќосовиќ ги освоија бронзените медали.
Ангела Мојсовска (-68 кг) во У-21 го освои бронзениот медал.
Ова е добар предзнак пред Европското првенство во Софија, Бугарија, во февруари, од каде што може да очекуваме Спасеновски да го повтори минатогодишниот успех, а Петков, Ќосовиќ и Мојсовска да го потврдат квалитетот.
Ipon.mk/В.Д.