Ерисланди Лара со нокаут ја одбрани ВБА титулата (ВИДЕО)

Erislandi lara

Пред бројните кубански фанови во Јужна Флорида Ерисланди Лара (24-2-2, 14 КО) лесно ја одбрани титулата во супервелтер во ВБА и ИБО.

33-годишниот левучар од Куба во четири рунди со лев аперкат го нокаутира Јуриј Фореман.

(34-3, 10 КО). Израелскиот боксер роден во Белорусија, жител на Њујорк со години не бил во силна борба и се очекуваше овој исход. Фореман претходните порази ги доживеа во 2010 и 2011 година од страна на Мигуел Кото и Павел Волак.

По борбата Лара ги прозва најдобрите борци во својата категорија.

„Јас само сакам да се борам со најдобрите во светот. Уморен сум од спомнување на имиња, но тие знаат кои се: Димитриј Андраде, Генадиј Головкин и Канело Алварез“.

Поранешниот ВБЦ светски шампион во супер средна категорија Ентони Дирел (30-1-1, 24 КО) со прекин во 6 рунда го совлада 21-годишниот Унгарец Норберт Немешапати (24-5, 17 КО)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО