Амар Мурад од БК „Тефејуз“ се враќа со сребрен медал од експерименталните Балканските игри за кадети и јуниори во слободен и грчко-римски стил што се одржа во Бурса, Турција.
Армин Идризи од Тефјуз и Иван Јанев (јуниори) од Бучим се задоволија со бронзени медали.
Јанев настапи во категоријата до 60 килограми во слободен стил и имаше блескав настап во првите три борби кои ги реши во своја полза. Посебно импресивен беше настапот во четвртфиналето против грчкиот претставник, при што Јанев покажа голема техника на душекот.
„Во полуфиналната борба против романскиот претставник за влез во финалето, иако по првата рунда имав предност, сепак поради заморот од претходните борби и повредата на увото не можев да издржам и доживеав пораз. Но задоволен сум со освоената бронза, која за мене значи додатен импулс за работа и лов на медали од други големи првенства“ беше првото што ни го соопшти Јанев по освоениот бронзен медал.
Инаку на годинашната Балканијада освен претставници од Македонија настапија и репрезентативците од Бугарија, Турција, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Романија.
Тренерот Идрис Kуртиши е задоволен од постигантото и се надева дека во слободен стил може да очекуваме и златен медал.
ipon.mk/В.Д.