Сребро за Миа Тодорова на Европското првенство – четири медали за Македонија

Миа Тодорова го освои сребрениот медал на Европското првенство за постари кадети и јуниори во Будва, Црна Гора. Тодорова во финалето е поразена од Русинката Пеливан Ајшегул со 0-3.

На ова Европско првенство македонските кикбоксери освоија еден сребрен и три борнзени медали. Со бронзи се закитија Олгица Орешкова, Силвио Мировски и Горјан Ристовски.

На ЕП настапуваат 1163 кикбоксери со 1466 натпреварувачки влезови од 39 држави.

Резултати – ЕП кик бокс-Будва, Црна Гора:

Кик лајт – постари кадети
-47 кг Исмаил Туркер – Решут Ксавиер (Полска) 0-3

Лоу кик – јуниори
-48 кг Олгица Орешкова – Кристина Иудина (Русија) 0-3

К-1 – јуниори
-57 кг Силивио Мировски – Страхиња Савиќ (Србија) 3-0
Полуфинале
-57 кг Силивио Мировски – Максим Лиубин (Молдавија) 0-3

-71 кг Горјан Ристовски – Милош Богуцки (Полска) 2-1
Полуфинале
-71 кг Горјан Ристовски – Иван Федорчук (Русија) 1-2

-65 кг Миа Тодорова – Донета Менџики (Косово) 3-0
Финале
-65 кг Миа Тодорова – Пеливан Ајшегул (Русија) 0-3

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON